Тетовска болница. / Фото: МИА

Почина чекајќи лекари во тетовската болница, обвинуваат членови на семејството

Семејство од Тетово обвини дека нивен член вчера вечер починал во тетовската болница затоа што не добил помош од лекарите, објави порталот Тетовасот. Станува збор за шеесетгодишен маж од Пирок, за кого од семејството изјавиле дека починал околу 19 часот.

– Доле чекавме еден час, побаравме помош, никој не излезе. Членот на семејството пред еден час падна во кома, чекавме долу, ниту еден лекар не излезе да ни помогне. По некое време тој почина поради доцнењето на лекарите од над половина час – изјави еден од членовите на семејството, за Тетовасот.

Директорот на тетовската болница Плумб Вела, за МИА информираше дека вчера навечер по дознавање за случајот заминал во установата за да утврди што се случило.

– Ќе се преземат мерки и ќе се формира комисија која ќе утврдува дали има вина кај лекарите за смртта на 60-годишникот – изјави директорот Вела.

Директорот Вела е нов раководител на Клиничка болница, а на таа функција е само неколку дена, односно од 28 март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот