Почина боксерот кој го урна митот за непобедливоста на Мухамед Али

принтскрин

Легендарниот боксер Леон Спинкс по повеќегодишна борба со ракот на простатата, почина на 67-годишна возраст.

Тажната вест за смртта на легендарниот боксер ја потврди неговиот пријател Џо Бернал. Спинкс стана светска боксерска ѕвезда во 1978 година кога го победи дотогаш непобедливиот Мухамед Али.

Леон Спинкс тогаш на поени го победи Али и ја освои титулата во супер тешка категорија во меч кој се смета за еден од најголемите во историјата на боксот. Друга голема боксерска ѕвезда, Џорџ Форман, тогаш изјави дека за фановите на боксот овој меч беше сметан како шега, бидејќи сите мислеа оти Али ќе го „уништи“ Спинкс во рингот.

Луѓето мислеа – зашто од сите боксери го ставивте Спинг во рингот со Али. Но, Спинкс заслужено го победи Али, едноставно го масакрираше противникот. Спинкс си го заслужи местото во историјата на боксерските шампиони – зборуваше Форман.

Леон Спинг во аматерска категорија го освои златниот медал на Олимписките игри 1976 година во Монтреал, Канада, а во професионалната кариера имаше 46 меча од кои победи на 26 (14 со нокаут) има 17 порази и три меча завршија без победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот