Гери Маунфилд - Фото: Икс

Почина басистот на легендарниот рок бенд „Стоун Роузис“

Гери Маунфилд, басист на групата „Стоун роузис“, почина на 63-годишна возраст. Веста ја објави неговиот брат Грег.

„Со најголема болка во срцето морам да ја соопштам тажната смрт на мојот брат. Гери ’Мани‘ Маунфилд, почивај во мир.“

Подоцна во коментарите додаде:

„Повторно обединет со својата прекрасна сопруга Имелда.“

Причината за смртта сè уште не е откриена.

Мани пораснал во Крампсол, Манчестер, а на групата „Стоун роузис“ се приклучил во 1970 година. Неговата смрт се случи речиси две години по смртта на неговата сопруга Имелда Маунфилд, која почина од рак на 18 ноември 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот