Алексис Ортега - Фото: Инстаграм

ФОТО | Почина Алексис Ортега: Гласот на „Спајдермен“ и „Војна на ѕвездите“ згасна на 38 години

Актерот Алексис Ортега, најпознат по тоа што го позајмуваше гласот на Спајдермен во синхронизираните верзии на филмовите од „Марвел“, почина на 38-годишна возраст. Публиката во Латинска Америка особено го сакаше, бидејќи токму неговиот глас го направи овој суперхерој близок и препознатлив за цели генерации фанови, пренесува „Мирор“.

Алексис се прослави со синхронизацијата на ликот на Питер Паркер во филмскиот универзум на „Марвел“.

Во официјалното соопштение објавено на инстаграм-страницата посветена на светот на синхронизацијата стои:

„Со голема тага соопштуваме дека почина актерот Алексис Ортега. Изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство, пријателите и колегите во овие тешки моменти“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexis Ortega (@ortegalexis)

Причината за неговата смрт засега не е позната, пренесуваат медиумите.

Во својата последна објава на Инстаграм, од ноември минатата година, Ортега позираше со своето куче во својот дом во Мексико Сити, фотографија која сега има особено емотивно значење за неговите фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexis Ortega (@ortegalexis)

Покрај синхронизацијата, Ортега имаше и улоги пред камера во серии како „Luis Miguel: The Series“, „Thursday’s Widows“, „El Candidato“ и „The House of Flowers“. Во последните години беше активен и на социјалните мрежи, каде работеше и на синхронизација на содржини за популарни Јутјуб канали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот