Фото: Profimedia

Почина актерот Гери Греам, ѕвездата на „Ѕвездени патеки“

Гери Греам, познат по улогата во серијата „Ѕвездени патеки“ („Star Trek“), ненадејно почина на 73-годишна возраст. Телевизискиот актер починал вчера (22 јануари), соопшти неговата поранешна сопруга Сузан Лавел.

„Со длабока и голема тага морам да кажам дека Гери Греам, мојот поранешен сопруг, извонреден актер и татко на нашата прекрасна единствена ќерка Хејли Греам, почина денеска“, напиша вчера Лавел на својот фејсбук-профил.


Во серијата „Ѕвездени патеки“, Греам го играше амбасадорот Совал.

Кариерата на Греам траеше пет децении, почнувајќи од седумдесеттите во телевизијата и филмот, најистакнато како детективот Метју Сајкс во „Вонземска нација“ („Alien Nation“).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот