По упатените расистички и ксенофобични навреди МВР го следи фејсбук-профилот на Бранко Тричковски

Како што информираат од МВР, доставено е известување до скопското Основно јавно обвинителство со цел издавање барање адресирано до компанијата „Фејсбук“, која треба да достави кориснички податоци за профилот.

Секторот за компјутерски криминал го анализира Фејсбук-профилот на новинарот Бранко Тричковски, кој на 6 февруари годинава напиша објава со навреда кон техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, со натпис: „Слушам дека Мизерахи пак јадела хумус од мртви Евреи“.

Како што информираат од МВР, доставено е известување до скопското Основно јавно обвинителство со цел издавање барање адресирано до компанијата „Фејсбук“, која треба да достави кориснички податоци за профилот.

По добивање на потребните податоци, ќе бидат преземени мерки за според процедурите да се утврди сторителот на кривичните дела ширење расистички и ксенофобичен материјал преку компјутерски систем и предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот