Фото: Принтскрин/Инстаграм

По смртта на Шенон Доерти, нејзините адвокати поднесоа тужба: Еве за што го обвинуваат нејзиниот поранешен сопруг

Иако актерката Шенон Доерти почина во јули лани, се чини дека нејзината борба не е завршена. Адвокатите кои управуваат со нејзиното наследство сега водат правна битка против нејзиниот поранешен сопруг, фотографот Курт Исвариенко, тврдејќи дека тој не ги почитува условите на разводот, кој беше финализиран само еден ден пред нејзината смрт на 53 години.

Според судските документи во кои увид имал магазинот „Пипл“, во врска со наследството на актерката, се тврди дека Исвариенко не исполнил неколку клучни услови од бракоразводната спогодба. Една од главните точки на спорот е продажбата на нејзината куќа во Далас вредна 1,5 милиони долари, чии приходи требало да бидат поделени. Адвокатите тврдат дека тој „одбил да ја стави куќата на продажба“. Во документите исто така се наведува дека тој во моментот живее во нејзината друга куќа во Дрипинг Спрингс, како и дека „одбил да ги врати нејзините лични работи“.

Покрај тоа, Исвариенко требало да достави попис на фотографии од актерката и да ги предаде сите копии до септември 2024 година, но судските записи наведуваат дека „тој сега доцни 14 месеци“. Проблемите продолжуваат и со финансиските обврски. Според спогодбата, Исвариенко требало да го откупи уделот на актерката во авионот Муни М-20 за 100.000 долари. Иако продажбата била реализирана, адвокатите тврдат дека тој „еднострано задржал 50.274 долари“, како и дека не ги извршил понатамошните плаќања.

Шенон Доерти и Курт Исвариенко се венчаа во 2011 година, а актерката поднесе барање за развод во 2023 година, откако ракот на дојка, со кој се бореше од 2015 година, ѝ се врати во четвртата фаза. Дури и за време на постапката за развод, Доерти тврдеше дека нејзиниот поранешен сопруг намерно го одложува процесот.

Во еден од судските поднесоци, таа изјавила: „Едноставно не е во ред на Курт да му се дозволи да го одолговлекува нашиот развод со надеж дека јас ќе умрам пред тој да мора да ми плати, додека тој продолжува да го живее својот живот и да ги избегнува своите одговорности кон својата сопруга која умира, со која беше во брак повеќе од 11 години“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот