Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

По скоро една година, Куманово ја „победи“ големата кашлица – епидемијата заврши
Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) Куманово денеска информираше дека ја одјави епидемијата на голема кашлица или пертусис, која беше прогласена лани во март. На подрачјето на центарот имаше 107 случаи, лабораториски потврдени, претежно деца.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„На 14 јануари ние ја одјавивме епидемијата на голема кашлица која во Куманово беше прогласена во март лани. Првиот случај на ниво на Центарот беше на 6 февруари, а последниот случај беше на 19 ноември 2024 година, така што веќе оваа година епидемијата беше одјавена со вкупно 107 случаи на кашлица, од кои претежно беа деца на возраст до 14 години. Сите беа лабораториски потврдени случаи, од нив 19 беа хоспитализирани, останатите беа на домашно лекување“, изјави д-р Јадранка Стаменковска од ЦЈЗ Куманово.
Превентивните тимови од Здравствениот дом Куманово дале 6.900 вакцини. Здравствените институции, изминатиов период ги пребаруваа нецелосно вакцинираните, правеа епидемиолошки анкети, истражувања, даваа препораки за вакцинација.
„Епидемијата фактички е завршена и ја одјавиме. Покрај за пертусис, парлелено тимовите извршија и пребарување на вакциналните картони и на децата кои не беа вакцинирани со МРП вакцина, така што и тука малку е зголемен опфатот на вакцинирани, но сè уште сме далеку од она што го очекуваме над 95 проценти да бидат вакцинирани за да имаме задоволителен колективен имунитет“, изјави Стаменковска.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
16мин
-
31мин
-
35мин
-
36мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5