По пауза од неколку години, се враќа „Прилеп фест“: Фолк-естрадата ќе се собере на едно место

Фото: Фејсбук

По пауза од неколку години, на радост на љубителите на добрата македонска народна песна, оваа година повторно ќе блесне фестивалот „Прилеп Фест 2022“.

Традиционално фестивалот ќе се одржи во домот на културата „Марко Цепенков“ на 26 мај, а покровител на истиот ќе биде Општина Прилеп.

„Прилеп Фест“ е познат по тоа што на него досега имаат продефилирано најквалитетните музички имиња од нашата земја кои оставиле бројни хитови.

Организаторите на фестивалот „One Way“ продукција, односно Борче Нечoвски и Дејан Момироски, велат дека оваа година прилепчани ги очекува вечер со квалитетни песни и тоа отпеани од најзвучните имиња од нашата фолк-сцена.

– Ни претставува огромно задоволство што повторно ќе го вратиме овој фестивал, бидејќи тој беше и ќе остане еден од симболите на градот Прилеп. Она што може да го ветиме, е квалитетна музика, познати изведувачи, докажани на македонската сцена, а се разбира можност ќе добијат и неколку нови имиња – велат организаторите.

На сцената во домот на културата „Марко Цепенков“ ќе настапат дваесетина изведувачи, а своето учество веќе го потвдија етаблираните: Наум Петрески, Анета Молика, Елена Велевска, Татјана Стефановска, Андријана Кеш и уште неколку други.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот