По обвинувањата за сексуален напад, музејот на восочни фигури во Париз ја отстрани фигурата на Жерар Депардје

Фото: EPA/MICHAEL KAPPELER

Восочната фигура на актерот Жерар Депардје е отстранета од најпознатиот музеј за восочни фигури во Париз, по негативните реакции од посетителите по обвинувањата за силување и сексуален напад, соопшти музејот во понеделникот.

Одлуката да се отстрани фигурата од музејот „Гревин“, таканаречениот „Пантеон на восочни познати личности“, уследи по неодамнешната репортажа за актерот на француската телевизија која ја наруши неговата репутација во Франција и низ целиот свет, пишува „Еј-би-си“.

Документарецот на „Франс 2“ покажува дека тој постојано правел непристојни забелешки и гестови за време на патувањето во Северна Кореја во 2018 година. Депардје исто така е под истрага за силување од 2020 година. Тој ги негира сите обвиненија.

Депардје (74) глумеше во стотици филмови во текот на повеќе од половина век, вклучително и француски класици како „Последното метро“, „Жан де Флорет“ и „Сирано де Бержерак“ и филмови на англиски јазик, вклучувајќи ги „Зелената карта“ и „Животот на Пи“.

Отстранувањето на оваа восочна фигура се совпаѓа со тоа што францускиот министер за култура објави дисциплинска постапка во врска со престижниот Орден на Легијата на честа на Депардје, што може да доведе до негово повлекување. Како одговор, Депардје преку своите адвокати рече дека се откажува од честа. На актерот веќе му се одземени почестите во Канада и Белгија.

Семејството на Депардје го осуди, како што велат, заговорот против него, изразувајќи го своето неодобрување за „колективниот гнев“ насочен кон актерот во изјава објавена во француските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот