По насилството во Париз уапсени 95 „насилници”

Париз на нозе по бруталното убиство на професор/ Париз, 18 октомври 2020/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Поголемиот дел од приведените во полиција се за „учество во група формирана за извршување насилство”, додека едно лице се сослушува за „намерно насилство врз лице кое има јавен овластување”, додаде обвинителството.

Според министерството за внатрешни работи, по вчерашните демонстрации во Франција против несигурноста и законот за „Општа безбедност”. биле уапсени 95 лица во Франција од кои 42 во Париз. Обвинителството во Париз од своја страна соопшти дека денес 25 лица се во притвор, вклучувајќи и две малолетни лица. Поголемиот дел од приведените во полиција се за „учество во група формирана за извршување насилство”, додека едно лице се сослушува за „намерно насилство врз лице кое има јавен овластување”, додаде обвинителството, јави дописникот на МИА.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан ги осуди оние „кои ја разбиваат Република”. Имено на улиците на кои поминаа демонстрантите можеа да се видат изгорени автомобили, искршен уличен мебел и оштетени излози. Имено вчерашните демонстрации повторно беа сцена на вандализам, со што пораката од нив, заедно со социјалните барања, беше нечујна.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманан соопшти дека 67 полицајци и жандарми – од кои 48 во Париз – биле повредени за време на демонстрациите, кои собраа околу 52 000 учесници низ целата земја.

Политичката класа како целина го осуди ова насилство. Бруно Ретаијо, шеф на сенаторите на десничарската Републикаци, негодува: „Уште колку недели Емануел Макрон и неговиот министер за внатрешни работи ќе гледаат беспомошно како 400 насилници ги палат улиците на Париз?” Ист тон за Реми Феро, сенатор од редовите на социјалистите: „Солидарност со жртвите на ова насилство и силите на редот повторно се соочија со неоправдано насилство. Но, за кого и за што се корисни овие идиоти? И, како се уште не беа запрени да наштетуваат? Прашањето е поставено”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот