По мундијалскиот дебакл на Белгија: Азар ја заврши репрезентативната кариера

Еден Азар („Белгија“) на натпреварот против Мароко на СП 2022/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Досегашниот репрезентативец на Белгија и напаѓач на Реал Мадрид, Еден Азар, одлучи да ја заврши репрезентавната кариера.

– Денес се врти страница. Ви благодарам за вашата љубов. Ви благодарам за вашата неспоредлива поддршка. Ви благодарам за сета оваа среќа споделена од 2008 година. Решив да ставам крај на мојата репрезентативна кариера. Новата генерација е подготвена. Ќе ми недостигате – објави Азар на социјалните мрежи.

Белгијците не успеаја да ја поминат групната фаза на Светското првенство во Катар, беа третопласирани во групата „Ф“ зад Мароко и Хрватска.

Сигурно е дека овој одличен фудбалер жали што никогаш не направи поголем успех со селекцијата на Белгија бидејќи имаа одлична генерација предводена од него, но и Кевин де Брујне, Тоби Алдервиерлд, Ромелу Лукаку. Но, овие играчи полека влегуваат во доцните играчки години и ќе останат во историјата како талентирана генерација која не успеала да направи ништо. Најголем успех ќе остане третото место од Светското првенство во Русија од пред четири години.

31-годишниот Азар за Белгија дебитираше во 2008 година, кога оваа селекција ремизираше со Луксембург (1:1). Во меѓувреме, за „црвените ѓаволи“ одигра 126 натпревари и постигна 33 гола.

Тој ја заврши кариерата како капитен на оваа селекција, а се шпекулира дека од јануари ќе го носи дресот на некој друг клуб, бидејќи во „кралевите“ веќе не сметаат на неговите услуги.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот