По мртвороденото бебе инспекција ќе ја „чешла“ Клиничката болница во Битола
Инспектори ќе влезат во Клиничката болница во Битола по иницијатива на Министерот за здравство Фатмир Меџити, откако вчера млада жена роди мртво бебе.
Препорачано
Министерот за здравство, Фатмир Меџити, иницираше ДСЗИ да изврши вонреден инспекциски надзор во одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница Битола, информираат од таму.
– Министерството ја информира јавноста дека според информативниот допис од КБ Битола, кој стигна до МЗ, кај 21-годишната пациентка, бременоста се до 7 месец се одвивала во Германија. Таа во КБ Битола не дала информации дали била следена од лекар во Германија и не приложила документација од којашто ќе се утврди дека бременоста е контролирана, се наведува во соопштението.
21 годишна трудница вчера била породена со мртво бебе во битолската клиничка болница. Директорката на здравствената установа предходно изјави дека пациентката била во 36-тата недела од бременоста и имала неконтролирана бременост.
Инаку, ова е вторпат бебе да почине во оваа болница за краток временски период од неколку месеци.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
38мин
-
46мин
-
56мин
-
60мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


