По минералната вода, Бугаринот пие најмногу пиво

Производството и продажбата на пиво во Бугарија создава приход од над 350 милиони лева за националниот буџет. Во извештајот на Царината за 2022 година, се посочува дека приходите од акциза на пиво бележат раст од 3,4 отсто во однос на приходот остварен во 2021 година.

Додадената вредност на индустријата се проценува на 540 милиони лева. Седумте пивски компании кои се членки на Унијата заедно произведуваат 99 отсто од пивото во земјата. Тоа значи дека речиси секој примерок пиво е дело на бугарските пивари, се наведува во анализата.

Во 2022 година, продажбата на пиво во Бугарија достигна 5.230.000 хектолитри. Од овие количини, учеството на продажбата во стаклени шишиња е 21 отсто, во ПЕТ шишиња – 50 отсто, во лименки – 25 отсто и во буриња – 4 отсто.

Производственото портфолио е динамично, а лани се произведени над 200 различни брендови и асортимани на пиво. Од нив, во 2022 година, членките на Унијата лансираа близу 30 нови понуди на производи на пазарот, што не се случило во последните 10 години, забележуваат авторите на анализата. Според Сојузот на пиварите, во 2022 година во Бугарија се испиле 5.570.000 литри безалкохолно пиво.

Маркетинг истражувањата покажуваат дека вкусот и аромата на пијалокот, стилот на пивото се најважни за изборот на бугарскиот љубител на пивото, а дури потоа цената и брендот. Пиварите потсетуваат и дека според редовните истражувања на агенцијата Омнибус, минатата година пивото ја задржало позицијата на најчесто консумиран и најпосакуван пијалок по минералните води, објави „24Часа.бг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот