По лекарите, и сестрите и болничарите од Албанија бегаат на Запад

Албанија коронавирус
Маж со заштитна маска во близина на Инфективната клиника во Тирана, Албанија / Фото: EPA-EFE/Malton Dibra

 Се поголем е бројот на средномедицински кадар кој ја напушта Албанија и заминува во западно европските земји, најмногу во Германија.

– Почетокот на пандемијата, донекаде го попречи нивниот одлив, пред се во Германија, поради ограничувањата за движење, иако побарувачката беше голема од многу земји од ЕУ. Според податоците на здружението на медицински сестри во 2019 година потребна документација подигнале 419 медицински сестри, во 2020 тој број се намалил, па минатата година се зголеми за трипати, објави Топ чанел.

Но, сега не е само Германија привлечна за албанските медицински сестри и физиотерапевти, бидејќи многу од нив се свртеле кон Велика Британија, затоа што нуди повисоки плати од Германија и Италија, кои ги вработуваат без да мора да полагаат испит.

– Многу од нив по извесно време работа во земјите на ЕУ се преселуваат во Шведска и Норвешка. Медицинските сестри и физиотерапевтите, но и албанските радиолози заминуваат на прво место за повисоки плати, подобри услови за работа, додека во нашиот здравствен систем се создаваат празнини кои се пополнуваат со оние кои штотуку го завршиле образованието, наведува телевизијата.

Албанските медицински работници и понатаму се повеќе се стремат да заминат во земјите на Европската Унија, што го потврдува и бројот од над 15.000, од кои 4.000 лекари и околу 11.000 средномедицински кадар кои заминале во изминатите дванаесет години.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот