По една деценија од несреќата пронајдени човечки останки во рудник во Нов Зеланд

Несреќата во рудникот во Нов Зеланд
Несреќата во 2010-та година во рудник во Нов Зеланд/ Фото EPA/IAIN MCGREGOR /

Полицијата на Нов Зеланд пронашла човечки останки во рудник во кој пред 11 години се случила трагична несреќа.

„Човечки останки се пронајдени во рудник за јаглен во Нов Зеланд“, соопшти денеска полицијата, повеќе од една деценија по една од најтешките катастрофи во земјата.

Во ноември 2010 година, по серија експлозии предизвикани од гас метан во рудникот на реката Пајк, загинаа 29 лица. Двајца рудари успеале да побегнат, пишува британски Скај.

Во рудникот биле пронајдени две-три тела

Рудникот потоа бил затворен и влезот бил забранет со години од безбедносни причини. Но, на барање на семејствата на жртвите во несреќата, на истражителите им беше дозволен пристап во 2019 година.

Полицијата соопшти дека фотографиите направени во рудникот кон крајот на минатата недела покажуваат дека таму биле пронајдени две, можеби три тела. Со оглед на тоа што остатоците се далеку од влезот во рудникот, истражителите засега не можат да направат подетална анализа.

„Иако не успеавме да ги идентификуваме останките, работиме со форензичарите за да видиме како можеме да го утврдиме нивниот идентитет“, рече детективот Питер Рид.

Инспекторите соопштија дека шест до осум лица работеле во областа каде што биле пронајдени останките во моментот на несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот