По Центар, се уриваат и дивите тераси на кафулињата во Скопска чаршија
Во заедничка акција на Град Скопје и општините Чаир и Центар утринава започнаа да се уриваат дивите тераси на кафулиња и кафеани во Старата скопска чаршија, јави Сдк.мк.
– Едвај пет-шест локали имаа дозвола за поставување на урбана опрема. Останатите нелегално поставиле летни тераси на јавна површина и така работеле со години. Отсега нема да смее да се поставуваат платформи и тенди со железни конструкции со кои се заградува просторот. Масите и столиците ќе стојат на калдрмата и ќе бидат дозволени само чадори – изјавиле инспекторите од Градот и општините.
Дел од газдите на локалите во Чаршијата почнале самите да ги повлекуваат масите и столици и најавиле дека во текот на денот ќе ги отстранат и настрешниците. Минатата недела со акција за уривање на диви летни тераси почна и Општина Центар при што беа отстранети конструкциите и платформите на неколку кафулиња во Дебар Маало.
Богдановиќ решил да воведе ред: Општината и полицијата рушат тераси на „Ленинова“ (ГАЛЕРИЈА)