По четири месеци конечно погребан убиецот од Градачац, Нермин Сулејмановиќ

Нермин Сулејмановиќ / Фејсбук

Телото на убиецот Нермин Сулејмановиќ од Градачац е во Комеморативниот центар во Тузла. Само пред неколку дена телото го зазедоа членовите на семејството.

Како што потврди за Н1, Фарук Латифовиќ, директор на Комеморативниот центар во Тузла, телото во петокот го презело семејството на Сулејмановиќ. Членовите на семејството ги платиле сите досегашни трошоци, а телото го погребале.

Телото се наоѓаше во ладилникот на Комеморативниот центар во Тузла од август, кога Сулејмановиќ ја уби својата поранешна партнерка Низама Хеќимовиќ, како и уште двајца мажи – Џенгиз и Денис Ондер, при што рани уште три лица.

Маж од Босна ја убил сопругата, убиството го пренесувал во живо на Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот