Даниел Чофениг/EPA/HANNIBAL HANSCHKE

По аферата „Пенисгејт“ уште еден скандал – рекордер дисквалификуван од финалето во Кортина

Австрискиот ски-скокач Даниел Чофениг остана без настап во финалето на Зимските олимписки игри поради бизарна причина, неговите скијачки чевли биле четири милиметри поголеми од дозволеното.

Оваа дисквалификација на Чоефинг доаѓа по аферата „Пенисгејт“, скандал по кој организаторите ги засилија контролите на опремата. Чофениг во саботата обезбеди место во финалето, но по деталната проверка следуваше шок и дисквалификација. Австриецот не бараше изговори и ја презеде вината.

„Користев нови чевли на тренингот. Не бев целосно задоволен од нив, но сепак решив да ги носам. За жал, бев наивен и не ги проверив димензиите. Тоа беше неверојатно глупаво од моја страна“, изјави тој за австриските медиуми.

Минатогодишниот освојувач на Светскиот куп важеше за еден од главните фаворити за медал. По првата серија освои 137,7 поени и изгледаше дека сигурно чекори кон самиот врв, но тогаш дојде до елиминација.

„Почекајте, имаме промена“, изјави коментаторот на „ТНТ Спортс“, Иан Финдлеј за време на преносот кога пристигна веста.

„Тукушто добивме информација дека Даниел Чофениг е дисквалификуван.“

Тој дополнително појасни дека станува збор за првата дисквалификација во ски-скоковите на овие Олимписки игри, што значеше дека во финалето ќе настапи Хектор Капустик.

На повидок бизарен скандал: Ски-скокачи си ги зголемувале гениталиите за подобри резултати?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот