По 25 години се врши реконструкција на резервоарот за водоснабдување на Црешево

Фото: Фејсбук

Трајно надминување на проблемот со губење на вода од резервоарот.

По цели 25 години конечно започна да се врши целосна реконструкција на резервоарот за водоснабдување на населеното место Црешево. Ревервоарот е со капацитет од 300 метри кубни, а со негова реконструкција од Општина Гази Баба најавуваат дека трајно ќе се надмине проблемот со губење на вода од резервоарот.

Заедно со претседателот на Советот Дијана Илиевска и новиот в.д директор на ЈКП Гази Баба Добри Петров, направивме увид на градежните работи за реконструирање на резервоарот за вода во Црешево. По цели 25 години се врши целосна реконструкција на резервоарот за водоснабдување на населеното место Црешево. Ревервоарот е со капацитет од 300 метри кубни. Со реконструкцијата се надминува проблемот со губење на вода од резервоарот – истакна градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот