Фото: ФК Работнички

ПМФЛ: Работнички и Пелистер ремизираа во натпревар со шест гола

Дуелот на Работнички и Пелистер во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) имаше големо значење во борбата за опстанок и двете екипи влегоа мотивирани да постигнат гол и да му дадат свој посакуван тек на натпреварот кој на крајот заврши со резултат 3:3.

Прв во водство дојде Работнички во четвртата минута, кога продорот по левата страна донесе идеално проигрување на втората статива и Сухељ Муарем постигна гол без мака. Во слична ситуација, по акција од лево, Кире Ристевски ја прими топката во противничкиот шеснаесетник, а по „лесната прошетка“ го проигра Булатовиќ кој биеше прецизно.

Новиот старт одеше помалку фуриозно од претходно, па дури во 26 минута страстите повторно се разгореа кога беше досуден пенал за Работнички, а негов реализатор беше Демири.

Пелистер создаваше притисок и успеа да освои неколку корнери, но во 55 минута откако Булатовиќ доби една одбиена топка, биеше во ѕидот од домашни фудбалери, но од тоа произлезе контра напад, кој Работнички го реализираше, а овој пат стрелец беше Дитмир Хоџа.

Во финишот, притисокот на Пелистер конечно вроди плод, откако Керим смирено го проигра нововлезенот Петковски меѓу неколку фудбалери, а овој ефектно со волеј го матираше голманот.

Во 86 минута битолчани бараа пенал за прекршок над Петровиќ, но од ВАР судиите тоа беше отфрлено. Уследи акција по која Керим и Петковски повторно му дадоа шанса на Ондоа да се истакне, за во 92 минута конечно Мирко Ивановски да успее со реакција „од прва“ да ја искористи асистенцијата на Спироски и со помош на стативата да го совлада Ондоа.

Со овој бод, Пелистер се изедначи со Брера (двете екипи имаат по 33 бода) и сега го презема осмото место на табелата со ист број бодови, но подобра гол разлика. Работнички со 29 бода е претпоследен, зад Македонија ЃП која вчера славеше над Шкупи и со 30 бода е на 10 место.

Идното коло носи два нови меѓусебни дуели на екипите од борбата за опстанок, Пелистер – Шкупи и Брера – Работнички.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот