Пливањето се враќа со Купот во далечинско пливање

Првата од шесте трки е Илинденскиот куп кој ќе се одржи на втори август.

Пливачите по неколкумесечна пауза поради пандемијата и повторно ќе влезат во водите и ќе се натпреваруваат за трофеите.
Првиот настан на кој пливачите и пливачките ќе се натпреваруваат е седмото издание на Купот во далечинско пливање во организација на Националната пливачка федерација и кој ќе се одржи според претходно донесени безбедносни протоколи.

Купот во далечинско пливање досега се одржуваѓше на сите езера и Акумулации во Македонија, а од оваа година за прв пат ќе се одржи трка и на акумулацијата во Крушево.

За да се заштитат пливачите, НПФ изготви безбедносни протоколи.
– Да се означи место каде ќе бидат сместени пливачите и истото да биде пристапно
исклучиво за пливачите и тренерите
– Влегувањето во местото да биде само со маски на лицето
– Местата каде ќе се соблекуваат/облекуваат пливачите да бидат на пропишаното
растојание од 1,5м
– Да има поставено средства за дезинфекција на рацете на самото место
– Да се означи местото каде може да стојат родителите и посетителите
– Стартната линија да биде доволно широка за да може пливачите да имаат пропишано
растојание меѓу себе
– Судиите,Тренерите и целокупната Организација во текот на целото време носи маска на
лицето
– Доделувањето на медалите на победниците нема да се прави по стандарниот
модел,туку истите ќе бидат поставени на посебен стол каде пливачите сами ќе ги земаат
За пливачите:
– Доаѓањето на местото на трката нема да биде организирано и секој пливач ќе мора сам
да дојде до местото
– Бројот на лица кои ќе бидат во присуство на пливачот да се сведе на минимум, (дозволени се само 2 лица)

По трката на втори август ќе се одржат уште пет трки и тоа на.
09.08.2020 Крушево
16.08.2020 Охрид (Градска плажа)
29.08.2020 Маврово(Мавровско Езеро)
05.09.2020 Кавадарци(Тиквешко езеро)
12.09.2020 Велес(Велешко езеро/х.Романтик)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот