Платите на болните од ковид-19 ќе се пресметуваат согласно закон и колективените договори

Владата на денешната 21 седница ја разгледа и усвои Информацијата за регулирање на надомест на плата за привремена спреченост од работа  на вработени лица заболени од КОВИД-19, вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, но се асимтоматични и на вработени лица кои имале контакти со заразени лица и се во самоизолација.

– Во заклучок по оваа точка се наведува дека висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од работа на вработени лица во министерствата и органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, градот Скопје и општините на градот Скопје, заболени од КОВИД-19 (Коронавирус), вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза но се асимтоматични (односно немаат знаци на болест), а за кои е констатирано дека се заболени КОВИД-19, ќе се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор, соопшти владината Прес-служба.

Согласно заклучоците, се препорачува висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од  работа на заболени вработени лица од КОВИД-19, вработени лица кои се во изолација заради спречување на зараза, но се асимтоматични (односно немаат знаци на болест), а за кои е констатирано дека се заболени КОВИД-19, а се вработени во приватниот сектор, да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор.

– Висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од  работа на вработени лица кои имале контакти со заразени лица, а кои се вработени во  министерствата и органите на државната управа, организациите утврдени со закон, другите државни органи, правните и физичките лица на кои со закон им е доверено да вршат јавни овластувања, како и на општините, градот Скопје и општините на градот Скопје и се во самоизолација, да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор. Со заклучок на Владата по оваа точка се препорачува висината на надоместокот на плата за привремена спреченост од  работа на вработени лица кои имале контакти со заразени лица, а кои се вработени во  приватниот сектор и се во самоизолација,  да се пресметува и исплатува согласно закон и колективен договор, се додава во соопштението.

На предлог на Министерството за труд и социјална политика на оваа седница е утврден и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за социјална заштита за да се олесни и поедностави пристапот до правото на гарантирана минимална помош за лицата/домаќинствата во време на вонредни околности (утврдено постоење на кризна состојба, прогласена епидемија, односно пандемија, пожари, поплави или други големи природни непогоди).

– Согласно динамиката на поднесени барања и траењето на пандемијата во наредниот период, со овие олеснувања се очекува да бидат опфатени околу 5000 нови домаќинства во 2021 година, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот