Пластичен хирург направил листа што сè треба да поправи на лицето на манекенката, таа му возврати

полина поришкова
Фото: Инстаграм

Топ-моделот на 90-тите години Паулина Поришкова со години красеше бројни насловни страници на престижни магазини, снимаше едиторијали и носеше ревии на најголемите светски модни куќи и дизајнери.

Манекенката сега гордо го истакнува своето лице и тело и не сака да им подлегне на суровите стереотипи за „совршена“ убавина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)


Откако еден пластичен хирург  ѝ посочил што се манекенката Паулина Поришкова (57) треба да „поправи“ на лицето, таа му возврати.

„Ја пронајдво оваа фотографија, која претходно ја објавив и мислев дека изгледам одлично на неа, ја најдов на профилот на пластичен хирург кој детално објасни што треба да поправам. Тие здодевни вдлабнатини под моите образи може да се поправат со филери, ботоксот може да ги поправи моето чело, брчките од страната на усните и вратот со многу ласер да се затегне и измазни сè“, напишала таа на својот инстаграм-профил.

„Тоа е она со што постарите жени треба да се справат во јавноста. Ми кажаа дека моето лице треба да се поправи бидејќи некако се расипало со годините“, напишала манекенката и прашала: „Дали е некакво чудо што повеќето од нас кои имаме можност да прибегнеме кон некои форми на естетска поправка за она за што ни велат дека е лошо?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)


Манекенката откри дека подлегнала на одредени козметички третмани како ласер и плазма пенкало и напиша: „Би сакала да најдам баланс помеѓу тоа да бидам горда на тоа како изгледам на моите години и повремено да се чувствувам убаво“.

Таа призна дека во својата работа морала да се соочи со изгледот на сопственото лице и дека се бори со прифаќањето на несовршеностите. „Иако го прифатив најголемиот дел од тоа, сепак ми е тешко да прифатам сè“, рекла Паулина.

„Да ѝкажуваш на жената што да прави за да се направи попривлечна е погрешно, без разлика дали тоа е боја на коса, шминка, крем, облека или други поинвазивни опции. … Секој пат кога ќе размислувате или и кажувате на пријателката „знаеш, би требало…“ Застанете за миг. Ако таа не бара помош, дали навистина и помагате? Подобро истакнете го она убавото во неа“, порачала манекенката.

Пластичниот хирург потоа ја избриша својата објава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Paulina Porizkova (@paulinaporizkov)


Паулина претходно се одбрани откако корисник на Инстаграм ја критикуваше дека објавува фотографии во бикини: „Мора многу да те боли да продолжиш да објавуваш фотографии во бикини на таа возраст. Отсекогаш сум мислел дека најтешко им е на убавите луѓе да остарат и да станат грди. Се молам да се помириш со твојата смртност“.

Манекенка му возвратила дека не постои нешто како грдо и старо.

ФОТО | Полина Поришкова: „Сите вие кои имате проблем со голотија, оваа објава нема да биде безбедно место за вас“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот