„Планот на Трамп за Украина веќе не постои“: Украински дипломат тврди дека Америка ги прифатила забелешките на Киев
Шефот на кабинетот на Володимир Зеленски соопшти дека планот на Доналд Трамп е целосно преработен според украинските забелешки, а Зеленски додаде дека иако многу точки се исправени и намалени.
Американскиот мировен план од 28 точки, што го изработи администрацијата на претседателот Доналд Трамп, повеќе не постои. Ова на социјалните мрежи го соопшти советникот на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Андриј Јермак.
Препорачано
– Планот во формата што ја гледаа сите веќе не постои – рече Бевз.
Тој појасни дека предлогот на Трамп бил целосно ревидиран и дека забелешките на Киев биле целосно земени предвид. Неколку точки биле сосема отстранети, а други значително изменети.
Зеленски: Треба да разговараме со Трамп за некои чувствителни прашања
Предложениот мировен план што се разгледува со САД и со Европа ги содржи „правилните“ точки, но сè уште има чувствителни прашања што треба да се разгледаат со Доналд Трамп, изјави Володимир Зеленски.
– Во моментов, по разговорите во Женева, точките се помалку, веќе не се 28, и во оваа рамка се вградени многу исправни елементи. Нашиот тим денес веќе реферираше за новите нацрт-чекори, и тоа навистина е вистинскиот пристап. Чувствителните прашања, најделикатните точки, јас лично ќе ги разгледам со претседателот Трамп – рече украинскиот претседател во своето ноќно видео-обраќање денеска.
Украина го скрати американскиот мировен план од 28 на 19 точки
Москва: Делови од американскиот предлог се прифатливи
Многу од елементите на американскиот мировен план што се разгледуваа во Алјаска изгледаат прифатливи за Русија, изјави советникот за меѓународни прашања на рускиот претседател Владимир Путин, Јуриј Ушаков.
– Да, разгледавме една верзија што се совпаѓа со договореното во Алјаска – рече тој.
Ушаков додаде дека Москва го проучила и европскиот мировен план за Украина, но дека тој не ѝ одговара. Тој нагласи дека и американскиот план бара сериозна и детална доработка.
Претходно Ушаков изјави дека Русија, Украина, САД и Европа ќе продолжат заеднички да го менуваат и надградуваат мировниот предлог, потенцирајќи ја важноста на процесот.
Москва се сомнева дека новиот план за мир повеќе нема да биде поволен за Русија
Нема потврда за американска делегација во Москва
Москва сè уште нема примено официјално барање за посета од ниту еден претставник на американската страна, додаде Ушаков.
– Не сме добиле конкретен предлог кој и кога би дошол во Москва – рече тој, одговарајќи на прашање за можната американска посета поврзана со продолжување на мировните разговори за Украина.
Претходно, некои медиуми, повикувајќи се на извори, објавија дека американскиот секретар за Армијата, Дан Дрискол, би можел да отпатува во Русија за продолжување на разговорите во рамките на мировната иницијатива.


