Питон долг пет метри проголта жена во Индонезија: Мештаните го откриле по големиот стомак
Во централниот дел на Индонезија, жена е пронајдена мртва во стомакот на питон кој ја проголтал цела, соопштија денеска локалните власти. Сопругот на Фарида (45) и жителите на селото Калемпанг во провинцијата Јужен Сулавеси ја откриле во петокот во телото на мрежест питон долг околу пет метри. Фарида, мајка на четири деца, исчезнала во четвртокот вечерта и по неа е започната потрага, соопштија локалните власти.
Препорачано
Локалните жители ја пребараале областа и брзо забележале „питон со голем стомак“. Решиле да и го отворат стомакот на змијата и се појавила главата на Фарида.
Мештаните велат дека таа била целосно облечена внатре во питонот. Ваквите случаи се исклучително ретки, но неколку луѓе починаа во Индонезија во последните години откако ги проголтаа питони.
Минатата година жителите на областа Тинангеа во југоисточниот дел на Сулавеси убиле осумметарски питон кој задавил и изел локален жител.
Во 2018 година, 54-годишна жена беше пронајдена мртва во стомакот на седумметарски питон во градот Муна, во југоисточниот дел на Сулавеси. Во Западен Сулавеси во 2017 година, питон долг четири метри проголта селанец на плантажа со палмово масло.


