Писонеро: Ова што го има Вардар е извонредно! (ВИДЕО)

Фото: РК Вардар

Шпанецот кој во новата сезона ќе го води македонскиот и европски шампион Вардар е меѓу првите од тимот кој пристигна во главниот град.

За в среда (24 јули) е закажана првата прозивка кога новиот тим ќе ги почне подготовките за сезоната во која ќе брани три важни трофеи, во првенството на Македонија, во СЕХА Газпром лигата и во Лигата на шампионите.

Фото: РК Вардар

– Се чувствувам многу добро во Скопје. Тоа се моите први импресии од оваа недела колку сум тука. Веќе го запознавам и градот, и добив многу добра препорака од моите пријатели како добро место за работа и живеење – рече Писонеро во интервјуто за за клупскиот сајт.

Иако комуникацијата засега е на англиски јазик, новиот тренер има сериозна цел, да го повтори она што неговите претходници веќе го направија – да научи Македонски. Веќе повторува, прашува како се изговара некој збор.

И кога салата во СЦ Јане Сандански не е полна се чувствува атмосферата, навивачкиот набој. Мирисот на двете европски титули го има низ сите ходници и соблекувални.

„Ова што тука го има Вардар е навистина извонредно. Го влегов во салата се возбудив. Го гледаш ова култно место. Се изгледа поинаку кога си тука, на терен, на клупата и горе го гледаш семафорот. Ракометот тука поинаку се доживува, се е посветено на овој спорт. Тоа е разликата со Шпанија – додаде Писонеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот