Пирло на две кола пред крајот доби отказ во Турција

Фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Славниот Италијанец, Андреа Пирло по серијата променливи резултати и два врзани порази во кои неговата екипа прими дури седум голови доби отказ од Карагумрук.

Заминувањето на Пирло го потврди турскиот клуб преку социјалните мрежии.

„Му овозможивме на Пирло и неговиот стручен штаб порано да го напуштат клубот за да можат да си ја планираат сопствената иднина. Ќе се обидеме да победиме во преостанатите натпревари до крајот на сезоната. Среќни сме што една сезона соработувавме со Андеа на кого му се заблагодаруваме на доприносот во клубот и му посакуваме се најдобро во иднина“, стои во соопштението на турскиот клуб.

Пирло Карагумрук го презема во јуни 2022 година, а имаше договор до 30-ти јуни оваа година, екипата ја водеше на 34 натпревари со учинок од 11 победи, 11 нерешени резултати и 12 порази.

Карагумрук на две кола пред крајот на турското првенство се наоѓа на деветтото место на табелата со 44 освоени бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот