Пинк го исмеа митингот на претседателот: „Мајмунска работа“ (ВИДЕО)

GLASGOW, SCOTLAND - Singer Pink performing live at the Beautiful Trauma World Tour. BACKGRID UK 22 JUNE 2019,Image: 451136377, License: Rights-managed, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: Colin Fisher / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Пејачката уште еднаш ја искористи приликата да го искаже своето не толку позитивно мислење за американскиот претседател, Доналд Трамп.

Пејачката Пинк, позната по тоа што отворено ја критикуваше администрацијата на Буш а сега и на Трамп, објави видео во кое се снимала себе додека го гледа собирот на Трамп во рамки на кампањата, за време на кој претседателот одржал два-часовен говор во банката во Тулса во Оклахома центарот.

Сепак, се чини дека Трамп се обидел да ги наполни местата во арената со капацитет од 19.000 луѓе, и покрај фактот дека пред неколку денови се пофали дека речиси половина милион луѓе барале карти.

Во реаноста, митингот имал мала посетеност, а плановите за собирање надвор од арената исто така биле откажани.

Под видео на „CNN“, Пинк напиша: „Мислам дека истото место го распродадов за 5 минути“, додавајќи хаштаг: „Мајмунска работа“.

„Гледам многу луѓе се облечени исто, можеби работат во кетеринг“, кажа Пинк на снимката, нагласувајќи дека Трамп по секоја цена сакал да ги пополни местата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот