Плакат за концертот на Дуња Иванова

Пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт на скверот „За убави маалски дружби“

Во рамки на програмата за култура на Општина Центар, на 29 април (среда) пијанистката Дуња Иванова ќе одржи концерт под отворено небо, со почеток во 19 часот, на скверот „За убави маалски дружби“.

Концертот носи внимателно селектирана програма составена од дела на минималистички и современи, исклучително значајни автори меѓу кои Лудовико Еинауди, Рјуичи Сакамото, Давид Федел, Ханиа Рани… Преку суптилна експресија, повторливи структури и длабока емотивност, оваа музика нуди поинакво доживување – простор за внатрешен мир, фокус и поврзување со моментот.

Настанот има за цел да ја доближи современата класична музика до пошироката публика и да создаде интимна атмосфера во урбан простор, каде уметноста станува дел од секојдневието.

Дуња Иванова е родена во Скопје, магистрира на Факултетот за музичка уметност во Скопје (2010), а магистрира (2009) и докторира (2015) на катедрата за естетика при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Како солист и камерен музичар настапува на значајни сцени и фестивали во земјата и странство, вклучувајќи ги „Скопско лето“, „Охридско лето“ и „Денови на македонската музика“, како и во градови како Њујорк, Париз и Виена.

Нејзиниот уметнички фокус е насочен кон минималистичката и современата музика, со рецитали посветени на автори како Филип Глас, Арво Перт, Лудовико Еинауди, Макс Рихтер, Рјуичи Сакамото, Мајкл Најман, Ханиа Рани…

Од 2007 година работи како наставник по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ – Скопје. Автор е на книги и научни трудови од областа на музичката естетика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот