Илустрација / Фото: Freepik

Пијан маж украл 40 рози од цвеќарница, па ги дал на случаен минувач – сега му се заканува казна затвор

Пијан маж украл 40 рози од цвеќарница во градот Јелизово на Камчатка, а потоа ги дал на непозната девојка на улица, објавија руските медиуми.

Против него е покрената истрага, а врз основа на рускиот кривичен закон, максималната казна за ваков вид кражба е до четири години затвор.

Продавачката во цвеќарницата пријавила дека непознато лице влегло во просториите, украло две ќеси со рози (вкупно 40) од витрината и избегало. Благодарение на безбедносните камери, полицијата брзо добила опис на осомничениот и го привела во текот на 24-часовната смена.

Станува збор за 31-годишен локален жител кој е познат на полицијата веќе некое време.

– Утврдено е дека мажот бил во алкохолизирана состојба кога поминал покрај цвеќарницата. Гледајќи ги изложените рози, ги зграпчил и истрчал на улицата. Кога, сепак, набрзо сфатил дека не му требаат цвеќињата што ги украл, му ги дал на случаен минувач – наведува локалната полиција во своето соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот