Фото: Принтскрин / Монтажа

Пијан агресор цел час ја вандализирал српската црква во Загреб

Загребската полиција поднесе кривична пријава против 49-годишен човек поради сомнеж дека извршил кривично дело од омраза, односно дека го оштетил Соборниот храм на Српската православна црква (СПЦ) во центарот на Загреб, објави „Бета“.

Утврдено е дека на 23 април, околу 2:00 часот по полноќ, осомничениот дошол до православната црква на Цветниот плоштад, каде што со алат скршил четири ѕидни светилки на влезните скали и витраж над влезната врата.

Во соопштението се наведува дека тој свиткал две камери за видео надзор, фрлил четири столчиња од терасите на блиските угостителски објекти, расфрлал цвеќиња и црево за наводнување пред влезната врата на црквата.

Потоа, полицијата го забележала околу 2:50 часот по полноќ во блиската улица „Илица“, додека носел канта за ѓубре со намера да ја испразни пред црквата. Притоа викал и користел говор на омраза, наведува загребската полиција.

Се додава дека во организмот имал 1,39 промили алкохол. Тој бил приведен, а потоа со кривична пријава е предаден во притвор.

Министерот за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, претходно изјави дека во хрватското општество нема да се толерира такво однесување и дека полицијата со брза интервенција го идентификувала сторителот.

Србите како колатерална жртва на хрватската десница

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот