Петтемина позитивни на ковид-19 од македонскиот тим за ЕП 2022 се ракометари

Ковид-проблеми во македонската ракометна репрезентација непосредно пред стартот на ЕП 2022/Фото: macedoniahandball.com.mk

По објавата од РФМ дека петмина наши претставници кои денеска требаше да заминат на настап на ЕП се позитивни на ковид-19, неофицијално дознаваме дека сите петмина се ракометари. Меѓу нив наводно не е Кирил Лазаров 

Петтемина позитивни на ковид-19 од македонската репрезентација се ракометари.

Ова „Слободен печат“ го дозна неофицијално од извор близок на репрезентацијата. Вчерашниот тест на ковид-19 беше вистински шок за македонската репрезентација бидејќи покажа дека пред патувањето на тимот кон Дебрецин каде што треба да настапи на Европското првенство во ракомет (поаѓањето е закажано за денеска во 14 часот), петмина членови на репрезентацијата се позитивни. Од Ракометната федерација на Македонија сепак не објавија кои членови се позитивните и дали се ракометари или други членови на тимот.

Сепак, најлошото можно сценарио се случи, сите петмина изгледа се ракометари. Македонија барем во првите два меча, против Словенија (четврток) и против Црна Гора (сабота) нема да може да смета на петтемина ракометари. Наводно, меѓу тие петмина не е Кирил Лазаров, капитенот и селектор на тимот.

Дознаваме дека имињата на позитивните треба да бидат објавени официјално од Ракометната фадерација на Македонија пред поаѓањето на тимот за Дебрецин каде треба да ги игра натпреварите во групата, откако ќе бидат познати резултатите од утринските тестови.  Треба да бидат објавени нивните замени.

Ова непланирано отсуство на петмина ракометари значително ги пореметува плановите за настап, концепцијата и тактиката на Стручниот штаб за првите два меча. Според правилата на ЕХФ овие петмина ќе можат евентуално да настапат на последниот меч од групата против Данска на 17 јануари, ако дотогаш имаат негативни тестови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот