Петровска и Ѓурчиновски ја проследија вежбата на македонските војници од четата за Атомска биолошка и хемиска одбрана во Вермонт

Фото: Министерство за одбрана

Во рамки на посетата на Соединетите Американски Држави, министерката за одбрана и Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски го посетија полигонот за обука на Националната Гарда на Вермонт, Итан Ален, каде како домаќин ги пречека командантот на Националната гарда, генералот Грегори Најт.

Фото: Министерство за одбрана

Како што информираат од Министерството за одбрана, Петровска и Ѓурчиновски имале можност да ја проследат заедничката вежба на македонските војници од четата за Атомска биолошка и хемиска одбрана и Националната гарда на Вермонт, наречена „Northern Fallout”, која претставува уште еден доказ за силното партнерство и соработка помеѓу вооружените сили на двете земји.

По посетата на воениот полигон, Петровска и Ѓурчиновски ќе ја посетат и воздухопловната база на националната гарда на Вермонт, каде ќе бидат пречекани од командатот на вингот, полковник Даниел Финеган. Посетата на воздухопловната база ќе заврши со полетувања на ловците F-35 на военото воздухопловство на Националната гарда на Вермонт.
Петровска ќе го посети и Оперативниот центар за итни случаи на Вермонт, каде ќе оствари средба со директорката на центарот, Ерика Борнеман, најавија од Министерството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот