Петок им носи луда среќа: 4 хороскопски знаци на 24 октомври ќе остварат сè што ќе посакаат
Во петок, 24 октомври, Месечината влегува во знакот Стрелец, а тоа значи дека среќата се насмевнува на избраните! Овој астролошки транзит носи бран на позитивна енергија, изобилство и можности што не се пропуштаат. Под влијание на Јупитер, планетата на среќата и растот, четири знаци од Зодијакот ќе имаат шанса да го почувствуваат вистинскиот благослов на универзумот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
РИБИ
Подгответе се за ден полн со деловни можности. Изобилството и среќата доаѓаат преку вашата кариера — не само преку трудот, туку и преку вашата способност да го препознаете потенцијалот таму каде што другите не го гледаат. Можеби моментално работите нешто што не ве исполнува, но токму денес би можеле да откриете идеја која ќе ви донесе напредок и поголем приход. Универзумот ви порачува: не бркајте го успехот, дозволете успехот да ве најде вас. Бидете благодарни за тоа што имате и останете верни на своите соништа — тогаш „законот на привлечноста“ целосно ќе работи во ваша корист.
БЛИЗНАЦИ
Без разлика дали станува збор за љубовна или деловна врска, некој ќе влезе во вашиот живот со мисија да остварите голема заедничка цел. Месечината во Стрелец ја буди вашата желба за истражување нови начини на подобрување на односите. Ако сте во врска — очекувајте убаво изненадување од партнерот кое ќе ви покаже колку му значите. Ако сте слободни можно е ново познанство што ќе промени сè. На работа, вистинскиот партнер или колега може да донесе неочекуван успех. Отворете се за тимска работа ѕвездите се на ваша страна.
СТРЕЛЕЦ
Стрелци, универзумот ве наградува! Како што Месечината влегува во вашиот знак, ќе се чувствувате како да можете сè. Среќата, можностите и радоста доаѓаат природно, а вашата енергија станува магнет за добри работи. Ова е идеален ден за личен раст и носење одлуки кои ќе го променат вашиот живот. Ако долго сте чекале знак за да направите чекор напред — ова е тој момент. Фокусот ќе биде на внатрешниот мир и јасноста. Ќе научите да кажете „не“ на она што не ви служи и да го отворите срцето за она што ве исполнува. Бидете благодарни за малите нешта и среќата ќе се умножи повеќекратно.
ДЕВИЦА
Девици, овој петок ви носи мир во душата и топлина во домот. Кога се чувствувате безбедно и стабилно. Овој транзит ве поттикнува да го уредите својот простор, да ја исчистите енергијата и да создадете околина што зрачи со спокој. Преку овој баланс ќе се отворат вратите за изобилство и емоционална сигурност. Ослободете се од грижите и научете да му верувате на процесот, пренесува „Најжена“.


