Петмина пратеници од „Има таков народ“ станаа независни

Бугарска политичка партија „Има таков народ“ фото МИА

Петмината бугарски пратеници, кои вчера најавија дека заминуваат од партијата „Има таков народ” поднесоа барања за напуштање на пратеничката група во Народното собрание.

Николај Радулов, Дејан Петков, Иво Атанасов, Светлин Стојанов и Георги Георгиев станаа независни пратеници, јавија бугарските медиуми. Парламентарната група на ИТН сега во бугарскиот Парламент има 20 пратеници.

Бугарските медиуми јавија дека на Фејсбук се организира национален марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев што треба да се одржи во Софија на 22 јуни.

Причина најверојатно се потресите во земјава во последните денови и повлекувањето на „Има такви” од владејачката коалиција. „Целта на настанот е да се одржи мирен марш за поддршка на владата на Кирил Петков и Асен Василев. Сите што сакаат да бидат дел од промената нека дојдат во Народното собрание на 22.06.2022 година во 18:30 часот”, пишуваат организаторите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот