Петмина граѓани „заработија“ казни од 2.000 евра

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Тие според ОЈО не ја почитувале наредбата на Владата на Македонија за забранува движење на населението.

Основното јавно обвинителство поднесе пет обвиненија, едното против жител на Битола, а второто против делчевчани. Тие според ОЈО не ја почитувале наредбата на Владата на Македонија за забранува движење на населението.

Како што велат од ОЈО, битолчанецот се шетал по улицата „9“ каде бил затекнат од страна на полициски службеници од СВР – Битола.

За стореното кривично дело непостапување според здравствени прописи за време на епидемија битолското обвинителство на судот му предложи на обвинетиот на му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, секоја од нив во висина од по 20 евра во денарска противвредност.​​

Основното јавно обвинителство Делчево до Основниот суд Делчево поднесе предлози за издавање казнени налози со кои опфати вкупно четири лица.

Едно лице е обвинето за кривичното дело бидејќи не ги почитувал наредбите за спроведување задолжителна самоизолација. За време на периодот од 14 дена во кој не требало да го напушти престојувалиштето, обвинетиот не бил пронајден при вршење на контрола.

Три лица се товарат дека не постапиле согласно Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на територијата на државата.

За сите обвинети лица, обвинителството предложи да им биде изречена парична казна во висина од по 2.000 евра во денарска противвредност.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот