Петличковски: Вакцинацијата против сезонски грип се одвива во најдобар ред, засега одзивот е добар

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на Комисијата за заразни болести, проф. д-р Александар Петличковски денеска соопшти дека вакцинацијата против сезонски грип се одвива во најдобар ред и засега одзивот е добар, односно над 30.000 граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат.

На прес-конференција, д-р Петличковски истакна дека набавени се 60 илјади дози вакцина, кои се четиривалентни.

Ги следиме препораките од Светската здравствена организација за почеток на вакцинацијата во октомври. Би било убаво годинава да забележиме пораст на опфатот со што би се приближиле до препораката од СЗО за опфат од 75 проценти – додава тој.

Во моментов, тој вели дека доминира инфлуенца тип А и оти очекуваат вакцината да ги покрие циркулирачките варијанти.

Засега има добар одзив, веќе над 30 илјади граѓани пројавиле интерес да се вакцинираат, вели претседателот на КЗБ.

Почнува вакцинацијата против грип – се пријавиле 30 илјади граѓани

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот