ФОТО | Петар Грашо ѝ купил на Хана Хуљиќ стан од 200.000 евра: Пејачот и неговата сопруга уживаат во луксуз
Луксузниот стан на хрватскиот пејач Петар Грашо на Јахорина во последно време е тема на регионалните медиуми, иако пејачот го купи луксузниот имот пред две години. Тоа е чудо на модерната архитектура сместено блиску до најубавата патека на планината.
Препорачано
Експертите за недвижности се согласуваат дека се работи за имот во комплекс каде цената надминува 4.000 евра за метар квадратен.
Има поглед на густа борова шума и е нешто повеќе од 1.500 метри надморска височина. Пејачот наводно ѝ го купил станот на својата девојка Хана Хуљиќ откако таа ја родила неговата ќерка Алба, а во него ќе ужива целото семејство, пренесува српски „Курир“.
View this post on Instagram
„Сите ја сакаат Јахорина бидејќи таа е извор на гостопримство, позитивна енергија и добра забава за целиот регион“, изјавил претходно Грашо.
„Цел живот скијам во Западна Европа и не купив стан на Јахорина само за скијање, туку затоа што гарантира мир и автентична зимска идила“, додал пејачот.
View this post on Instagram


