Петар Атанасов: Не може да се „укине“ историјата без да се праша Катедрата за историја

Нашето образование е руинирано и не го поседува ниту просечниот квалитет, оценува за „Слободен печат“ поранешниот заменик министер за образование Петар Атанасов. Според него, наставата во основните и средните училишта продуцира сè послаби кадри со сè помалку вредности. За предложената нова концепција во основното образование Атанасов вели дека промени треба да има, но сеопфатни, кои ќе резултираат со квалитет.

– Претходната Влада на чело со Груевски се впушти во посеопфатни реформи, но видовме дека тие промени не вродија со квалитет, иако беа „потрошени“ пет министри. Сега во Владата на Заев, Мила Царовска е трет министер, а и таа преку ноќ најави реформа во клучен елемент во образованието, односно во наставните програми. Стручната јавност имаше голем број реакции и забелешки дека не е добро тоа што се нуди. Реакциите се резултат на тоа што немаше подготовка за новата концепција – изјави Атанасов.

Тој додаде дека новата концепција за основното образование не е сеопфатна и оценува дека е грешка што се интегрира предметот „историја“ без да се консултира стручната фела, особено Катедрата за историја и тоа во период кога е чувствително прашањето за историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот