„ПЕТ ОД ПЕТ“: Кошаркарки на Јужна Дакота приредија шутерско шоу од пола терен! (ВИДЕО)

принтскрин/твитер

После ваквиот шутерски тренинг, кошаркарките на Јужна Дакота триумфираа над своите ривалки во дербито со конечен резултат 61:74.

Подготвувајќи се за локалното дерби со екипата на универзитетот Северна Дакота, кошаркарките на Јужна Дакота направија вистински спектакл.

Ова видео е хит на социјалните мрежи, кошаркарите на Јужна Дакота успеаја од половина терен да реализираат пет шута по ред во кошот.

Потоа, соопшти и самата екипа, дека освен Сидни Стејплтон, Адисон Хиршман, Пејтон Буркханд, Џордан Феранд и Линди Теуник, тројка од половина терен постигна и бруцошката Тори Нелсон, но таа не се најде во видеото.

После ваквиот шутерски тренинг, кошаркарките на Јужна Дакота триумфираа над своите ривалки во дербито со резултат 61:74.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот