Песков: Сите лица од потесниот круг на Путин се вакцинирани

Песков и Путин
Рускиот претседател Владимир Путин и потпаролот на Кремљ, Дмитри Песков/ Фото EPA-EFE/MAXIM SHEMETOV / POOL

Речиси сите лица од потесниот круг на рускиот претседател Владимир Путин се вакцинирани против корона вирусот, иако во Кремљ немаше планирана вакцинација и ревакцинација, истакна денеска портпаролот на претседателот Дмитриј Песков, пренесува АП. 

„Се разбира, речиси сите од потесниот круг на Путин се вакцинирани – изјави Песков за новинарите. 

Тој вели дека не го знае точниот број на вакцинирани работници во канцеларијата на шефот на државата, но посочува дека немало закажување на вакцинација и ревакцинација. Песков изјави дека повеќето од заразените меѓу контактите на Путин се луѓе кои се грижат за неговите работни активности и безбедност. 

„Некој се зарази, и бидејќи членовите на овие тимови комуницираат едни со други, голем број луѓе се заразија“ – рече Песков и додаде дека има доволно службеници во Кремљ да ги одржуваат активностите на претседателот.  

Путин денеска објави дека неколку лица од неговата околина се заразени и дека поради тоа ќе остане во самоизолација „неколку дена“.

Путин оди во самоизолација поради заразено лице во неговото опкружување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот