Пептидите во козметиката

Главната особина на пептидите се состои во нивната способност да ја зголемат регенерацијата на кожата и да дадат видливи резултати за краток период.

Со ослабување на кожната бариера и еластичноста на кожата со стареењето, како и поради надворешните влијанија, доаѓа до промена на текстурата на кожата, а брчките на лицето постепено се продлабочуваат. Процесот на стареење е комплексен, ги погодува сите типови на кожа и бара секојдневна нега на кожата за да се задржи нејзината еластичност. За ефикасно обновување и зацврстување на кожата, еден од начините е во нега на кожата да ја вклучите козметиката со пептиди.

ШТО СЕ ПЕПТИДИТЕ?

Пептидите се природни или синтетички соединенија кои се состојат од комбинација од аминокиселини. Кожата може сама да ги синтетизира или да се внесат однадвор, преку козметичките препарати. Пептидите кои се внесени од надвор создаваат синџири на протеини кои дирекно делуваат на подобрување и намалување на брчките и фините линии. Пептидите во кожата поттикнуваат производство на колаген и еластин и се одговорни за младешкиот изглед на кожата.

За разлика од протеините, пептидите се појавија од неодамна на пазарот на козметички препарати. Предноста на пептидите во однос на протеините е што, благодарение на нивната структура, полесно навлегуваат во подлабоките слоеви на кожата и имаат способност да влијаат на работата на клетките. Затоа, кога се користат правилно, можат значително да влијаат во забавувањето на процесот на стареење на кожата.

Пептидите се иновација која може да се нарече иднина на козметологијата и затоа истражувањето и тестирањето на нивните својства, како и нивното производство, е континуиран процес во подем.

ЕФЕКТИ И ПОЗИТИВНИ СВОЈСТВА НА ПЕПТИДИТЕ

Пептидите во моментов се најдобрите асистенти во борбата против стареењето на кожата. Главната особина на пептидите се состои во нивната способност да ја зголемат регенерацијата на кожата и да дадат видливи резултати за краток период. Кај младите може да помогнат во задржувањето на нивната природна убавина, а кај кожа со видливи промени поврзани со стареењето, да помогнат во затегнување и подмладување на изгледот.

Пептидите имаат несомнено позитивно влијание врз нашата кожа. Придонесуваат за зголемување на еластичноста, зајакнување на заштитниот слој на кожата, отстранување на воспалителните процеси, подобрување на регенерацијата на кожата и на природната функција на одбраната, во контролата над производството на меланин итн. Козметиката со пептиди е одлична за кожа склона кон сувост и предвремено стареење. Пептидите внесени преку козметичките производи ја ублажуваат напнатоста на мускулите на лицето, што доведува до постепено измазнување на кожата и елиминација на плитките брчки. Воспоставувањето на протокот на крв доведува до елиминација на затемнетоста и отоците под очите и иритацијата.

ПЕПТИДИТЕ ВО КОЗМЕТИЧКИТЕ ПРОДУКТИ НА КОРЕЈСКИОТ БРЕНД MIZON

Од својата колекција на козметика со пептиди, корејскиот бренд Mizon ги препорачува Peptide Ampoule крем и Peptide 500 ампулата со нивните исклучителни својства во грижата за лицето.

Peptide Ampoule Cream е совршениот избор за оние кои бараат крем за лице кој помага во грижата за брчките на лицето и ја зголемува еластичноста на кожата.

Овој функционален концентриран ампула-крем содржи 1000mg бакар трипептид-1. Пептидите од овој крем ја зголемуваат еластичноста на кожата, при што таа станува помека и помазна. Заедно со аденозинот, состојка која има анти-ејџинг дејство, создаваат синергетски ефект.

Овој крем формира заштитен слој на кожната бариера и делува превентивно против губење на влажноста на кожата. Содржи смирувачки комплекс од билки, како екстракт од какао и екстракт од семка на благ бадем, со што ја смирува иритираната кожа.

Разбудете ја кожата од длабокиот сон со капките на Peptide 500 ампулата, која во својот состав содржи концентриран пептид за третирање на брчките и оживување на уморната кожа. Лесно впивлива и хидратантна, оваа ампула ги третира проблемите на кожата во самата основа, интензивно делува на подобрување на еластичноста и затегнување на уморната кожа, со цел постигнување на младешки изглед.

Концентрираниот пептид како главна активна состојка во составот на оваа ампула ја тонира кожата, аденозинот е ефективен во измазнување на брчките и подобрување на еластичноста, а хијалуронската киселина ја задржува и подобрува влажноста на кожата и ја штити од надворешните влијанија.

Peptide 500 ампулата содржи високо збогатен хипоалерген раствор, кој не предизвикува иритации на кожата, не содржи вештачки бои, ароми и парабени. Се препорачува за оние кои сакаат подобрување на рапавата, опуштена, сува, темна или уморна кожа. Производот е безбеден да се користи и за чувствителна кожа.

Производите на корејскиот бренд Mizon можете да ги најдете ексклузивно во Oлпео, продавница специјализирана за корејска козметика, единствена од ваков тип во нашата земја, на продажните места во ГТЦ во Скопје, на првиот кат и Палма мол во Тетово, како и на www.olpeo.mk.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот