Пепе и Кристијано Роналдо ќе играат на СП во Катар/ фото: EPA-EFE/HUGO DELGADO

Пепе задоволен по триумфот над Македонија: Многу патев, ќе беше неправда да не одиме на СП во Катар

Португалскиот репрезентативец Пепе кој поради позитивен тест на ковид-19 не настапи против Турција, вчера беше дел од наптреварот на кој неговата селекција со 2:0 ја совлада Македонија во финалето на баражот за пласман на СП во Катар, зјави дека би била неправда доколку европскиот шампион од 2016 година не обезбедеше пласман на Мундијалот.

Вчера на стадионот „Драгао“ во Порто, Португалија со 2:0 ја совлада Македонија и обезбеди пласман на Светското првенство во Катар што ќе се игра во ноември и декември годинава.

– Многу патев последните неколку дена. Сите знаете дека се грижам за себе, но овој пат не зависеше од мене. Ми беше тешко што не играв против Турција, но среќен сум што се опоравив на време и дадов свој допринос Португалија да обезбеди пласман на СП. Заслуживме да одиме на СП, ќе беше неправда доколку не се квалификувавме на Мундијалот бидејќи имаме голем квалитет – рече Пепе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот