Фото: илустрација Слободен печат / Методи Здравев

Пензионер од Тетовско му дал 2.000 евра капар на мајстор за врати, тој излегол низ врата и не се вратил

75-годишен жител на Тетовско вчера пријавил во полиција дека бил измамен од мајстор на кој му дал капар од 2.000 евра, по што веќе не можел да го најде, соопшти МВР.

„На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, во текот на октомври 2025 година, тој се договорил со лицето да му изработи собни врати, а парите му ги дал како капар. Како што е пријавено, услугата не била извршена, а кога пријавителот му јавил и му ги побарал вратите му кажал дека ќе бидат изработени, а после тоа бил недостапен на телефон. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот“, пишува во полициското соопштение.

Жена прегазена на улица во Карпош – возачот избегал, но полицијата го пронајде

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот