Пентагон: Одобрена потенцијалната продажба на проектили „Џавелин“ на Британија

Американскиот Стејт департмент одобри потенцијална продажба на противтенковски проектили „Џавелин“ на Обединетото Кралство за 125 милиони долари, соопшти Пентагон.

Европската побарувачка за американско оружје расте, но наместо скапа воена опрема како авиони и тенкови, списоците за купување се фокусирани на ракети кои се истрелуваат од рамо, артилерија и беспилотни летала кои се покажаа како клучни за воените напори на Украина.

Оваа продажба на близок сојузник на САД би можела да биде прва во серијата, бидејќи голем број европски земји се обидуваат да ги обноват залихите со мало оружје кое е испратено во Украина.

Потенцијалниот пакет одобрен од Стејт департментот ќе вклучува техничка поддршка за 600 проектили „Џавелин“ и логистичка поддршка, соопшти Пентагон.

И покрај одобрението на Стејт департментот, нема информации дали преговорите за продажба се завршени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот