Пенов: Не е дозволено издавање на општински обврзиници, бидејќи така државата се задолжува

Ристо Пенов
Ристо Пенов, министер за локална самоуправа/Фото: Слободен печат/Методи Здравев

Издавањето на општинските обрвзници е еден покомплексен проблем, смета министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, кој денеска во Штип одговараше на прашањето зошто на општините не им се дозволува издавање на општински обврзници.

-Не изгледа едноставно, се работи за државно задолжување. Општината бара, но државата се задолжува. Државата дали ќе зема меѓународни или домашни кредити тоа исто така се решаваат во други рамки. Волја постои, но треба да се најде начинот. Во овој ребаланс што сега помина се покажа дека заради покачување на платите, додатни резервни средства немаше, вели Пенов.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов истакна дека земјава има најниско ниво на децентрализација и доколку сакаме да се интегрираме во ЕУ треба и степенот на децентрализација да биде повисок, за да можат општините генерираат развој.

-Не само степенот на децентрализација, туку и начинот на децентрализација, затоа што ние имаме децентрализација, којашто ни генерира проблеми. Немаме придобивки од децентрализацијата и тоа е она што е добро да се слушне, дали ќе се промени начинот на децентрализација, процентот на финансиските средства, вели Јорданов.

Забележа дека општините бараат критериуми по кои ќе се реализира децентрализација, бидејќи какошто вели во одредени општини децентрализацијата е дискриминирачка. Јорданов посочи дека процентот на наплата на данокот на имот во Општина Штип е неколкукратно повисок од процентот на наплатата на овој данок во други општини.

-А ние имаме исто средства од државата, процентот на реализација на буџетот на Општина Штип исто е неколкукратно повисок од реализацијата во некои други општини, а ние добиваме исто средства од државата, а тие општини можеби и недомаќински се однесуваат со народните пари, вели Јорданов.

Штипскиот градоначалник, Јорданов истакна дека токму затоа општините бараат критеруми по кои ќе се спроведува децентрализацијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот