Пендаровски: Владата мора да направи се што е во нејзина моќ платите на функционерите да останат на исто ниво

Стево Пендаровски фото МИА

Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, изјави денеска претседателот на државата Стево Пендаровски коментирајќи ја одлуката на Уставниот суд со која се овозможува зголемување на платите на државните функционери за 78 проценти.

Мојот став го знаете. Мене ми е криво што повеќе носители на функции не го делат тој мој став. Тука има две работи. Прво одлуката на Уставен суд мора да се почитува затоа што непочитувањето на одлуката на Уставен суд е кривично дело. Меѓутоа, повикав и во мојата прва изјава на оваа тема. Владата мора да направи се што е во нејзина моќ и надлежност, а има надлежност, платите на функционерите од мене па до локална самоуправа да останат на ова ниво на кое се сега, со измена на коефициенти, со измена на основица, поинаку не можеме да излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека во оваа тешка ситуација кога замзрнуваме цени на основни продуктуи, ние си ги зголемуваме платите, нагласи Пендаровски.

Уставниот суд со одлука за укинување на два члена од Законот за плата и надоместоци на функционерите, овозможи зголемување на платите на државните функционери за 78 отсто. Со одлуката, покрај премиерот, претседателот, собранискиот спикер и сите вршители на јавни функции, се опфатени и уставните судии.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот