Пендаровски: Оние кои најавуваат подобра преговарачка рамка со ЕУ не ги знаат механизмите во Унијата

Претседателот Стево Пендаровски на денешната прес-конференција со гостинот од Австрија, претседтаелот Александер ван дер Белен, во врска со уставните измени кажа дека оние кои мислат дека преговарачката рамка со ЕУ не е добра и дека кога би дошле на власт би направиле подобра не знаат како функционираат механизмите во Европската Унија.

– Ако може некој да испреговара подобра преговарачка рамка јас прв ќе им честитам. Но, ги предупредувам дека нема шансда да се преговара една работа која е договорена со 27 членки. Таа преговарачка рамка е договарана неколку месеци, Франција беше само посредник, но сите други членки, вклучително и Бугарија се согласија. Утре може да имате најдобра идеја, но ако сите членки не се согласат останува оваа преговарачка рамка, рече Пендаровски.

Тој најави дека деновиве во рамките на Министерството за правда ќе се формира работна група од експерти која треба да почне да ги составува амандманите и во која ќе има експерти предложени од Владата и од претседателот.

– Очекуваме оваа работна група брзо да излезе со конкретна содржина на предлог амандман или амандмани, по што влегуваат во собраниска процедура. Ако нема две третини и уставни промени, ќе бидеме повторно блокирани, но сега со сопствена одлука. Се надевам дека единствениот пат до две третинини е да се разговара со пратениците од опозицијата, не сакам да видам друг пристап до тие две третини, порача Пендаровски.

Тој додаде и дека според него, самата содржина на амандманот е бенигна и на ниеден начин не ги загрозува сувереноста, независноста и европски пат на Македонија.

Одговарајќи на новинарско прашање, претседателот рече дека ако опозицијата реши да не учествува ни во работната група ни во собраниската Комисија за уставни прашања, јасно е дека и во случај тој да организира средба опозиционерите нема да учествуваат.

– Мислам дека грешат и ги повикувам да се вклучат и да ги кажат своите аргументи, а работата на групата треба да биде пренесувана во живо за да се види јавно соочувањето на аргументите. Но, сигурно нема државата да пропадне ако во Уставот се вклучат 3,5 илјади Бугари, изјави Пендаровски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот