Пендаровски: Она што му се случи на Алиоски е недопустливо

Стево Пендаровски
Стево Пендаровски / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Она што му се случи на нашиот Езџан Алиоски е недопустливо и за осуда, напиша предмалку претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил.

„Разликите треба да не обединуваат, а не да разделуваат. Tака е во успесите, но и во неуспесите на секое поле. Јас сум убеден дека огромно мнозинство од нашите граѓани прават разлика само врз основа на тоа што е добро, а што лошо, а не врз основа на тоа кој јазик го зборуваме, како се молиме или како изгледаме. Јас сум уверен дека огромно мнозинство од нашите граѓани веруваат и се застапуваат за тоа дека секој треба да има еднакви можности во Република Северна Македонија, богатството на земјата е во мултикултурното општество кое го градиме сите.

Езџан Алиоски за македонската репрезентација до сега одиграл 28 натпревари во различни натпреварувања, зборувајќи го јазикот што најдобро го знае на терен со постигнати 5 голови и 6 асистенции, а ја претставува земјата во Шампионатот на Англија. Езџан продолжи да не’ радуваш со добрата и тимска игра, пример од кој учи целата држава“, напиша Пендаровски.

Брука во Прилеп, Алиоски непожелен во ресторан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот